Оглас за работа: Техничар за тестирање на автомобилски емисии (СЦАТ Техничар) / Automotive Emissions Testing Technician (SCAT Technician)
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од СЦАТ Техничар кој ќе му се придружи на тимот за Kвалитет / СЦАТ лабораторија во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Главни одговорности
- Подготовка и анализа на примероци и користење на лабораториска опрема, при тоа задолжително следење на стандардите за квалитет
- Грижа и одржување на опремата, како и работа со садови под притисок
- Следење на добра лабораториска пракса
- Асистирање во истражување и обезбедување на аналитичка поддршка при крајното тестирање на производот
- Асистирање во навременото реализирање на финалните производи
- Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Средно техничко образование или Универзитетска диплома од областа на Инженеринг/ Технички науки ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство во производствена компанија (индустриска лабораторија) ќе се смета за предност
- Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office
- Лични карактеристики на само-мотивираност и одлични комуникациски вештини
- Способност за работа со куси рокови
- Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето
- Задолжително познавање на пишуван и говорен англиски и македонски јазик
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплициратe на следниот линк:
https://bit.ly/2Nnvsa8
Краен рок за аплицирање: 10 ноември 2019