Vrabotuvanje.com - Продавачи - Касиери - Загреб и на Истра во градовите: Пореч, Пула, Умаг и Лабин - Република Хрватска - SPAR HRVATSKA d.o.o
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продавачи - Касиери

Загреб и на Истра во градовите: Пореч, Пула, Умаг и Лабин - Република Хрватска, Croatia

Application deadline:

  • SPAR HRVATSKA d.o.o
Miniso
SPAR HRVATSKA е компанија – членка на СПАР Австрија Група, која делува на територија на Република Хрватска од 2005 година. Еден од најголемите трговски ланци во Република Хрватска до денес има 93 СПАР Супермаркети и 21 ИНТЕРСПАР хипермаркети со над 4300 вработени и планови за натамошен раст. 

СПАР Хрватска (во соработка со Вработување ХР Солутионс) објавува оглас за регрутирање на кандидати за работна позиција: 
 
 
 
ПРОДАВАЧИ - КАСИЕРИ (60 работни места)
(во Загреб и на Истра во градовите: Пореч, Пула, Умаг и Лабин - Република Хрватска)
- Претходно работно искуство е пожелно, но не е задолжително -
 
 

Опис на работни задачи и обврски:
  • Работа на каса
  • Изложување и редење на производите на полиците во маркетите
  • Контрола на квалитетот на производите и нивните рокови на траење
  • Полнење на полиците со производи и контрола на изложените цени
  • Учество во планирање и управување со залихи
  • Придржување до интерни процедури и упатства за работа.
 
Потребни квалификации:
  • Минимум средно образование
  • Пожелно е предходно работно искуство во продажба
  • Познавање на хрватски јазик ќе се смета за предност
  • Способност за одлична комуникација и услужување на купувачи
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Висок степен на лична одговорност и иницијатива во работењето
  • Важечки македонски пасош.
 
Услови за работа:
  • Работно време од 40 работни часа неделно 
  • Можност за прекувремена работа и дополнителен приход
  • Обезбедени средства за топол оброк 
  • Обезбедено сместување за времетраење на договорот за работа 
  • Обезбеден месечен билет за градски превоз 
  • Покриени трошоци за издавање на дозвола за работа и престој во Хрватска
  • Платена повратна карта за одмор и посета на семејството во Македонија за работниците кои ќе работат повеќе од 6 месеци.
 
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “Продавачи – касиери за СПАР Загреб“ и “Продавачи – касиери за СПАР на Истра“
најдоцна до 22.11.2019 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more