ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика.
За потребите на друштвото нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Подготовка, контрола и извршување на плаќањата во земјата и странство
- Комуникација со деловните банки во врска со издавање на потврди, откуп на девизи при плаќањата, орочувања и сл.
- Изработка и контрола на пописни листи на основни средства
- Изработка и поднесување на пријава за задржан данок
- Контрола на намалените плаќања по основ на вратени стоки, дополнителни рабати и бонуси
- Изработка на ИОС за купувачи и добавувачи
- Месечна контрола на книжењата (контрола на состојбата на конта, отворени ставки и сл.)
- Комуникација и кооперација со другите сектори, со купувачите и добавувачите
- Следење и контрола на податоците доставени за книжење
- Книжење на фактури од купувачи, трошоци, опрема и инвестиции, амортизација
- Книжење на изводи, калкулации, нивелации и поврат на стоки
- Активирање, пренос и расходување на основни средства
- Изработка на извешати за неделна ликвидност
- Изработка и книжење на калкулации за увоз на стоки
- Комуникација со сите релевантни државни институции
- Усогласување на реалната со книговодствената евиденција
- Изработка, книжење и поднесување на ДДВ пријава
- Книжење на плата, девизни изводи
- ВСС
- Лиценца за овластен сметководител
- Со работно искуство од најмалку 3 години
- Активно познавање на англиски јазик
Способности кои се потребни да се поседуваат:
- Способност за работа во тим
- Одговорност и аналитички способности
- Иницијативност и адаптабилност
- Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови