EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Република Северна Македонија.
За потребите на одделот Планирање и набавка на енергија, Група Планирање и оптимизирање на енергетско портфолио, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ОПТИМИЗИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКО ПОРТФОЛИО (M/Ж)
Работни задачи и активности:
- Прогнозирање на конзумот на електрична енергија на краток и среден рок за потребите на компанијата;
- Изработка на бизнис модели за оптимизирање на енергетското портфолио на пазарот на електрична енергија за ден однапред и интрадеј;
- Изготвување на енергетски извештаи за потреби на компанијата;
- Развој и унапредување на процесите за планирање на конзумот на електрична енергија;
- Изработка и доставување на дневни дијаграми за испорака на енергија до ОЕПС и ОПЕЕ;
- Анализа за влијанието на енергетските ризици врз резултатите на компанијата.
Потребни квалификации:
- Високо образование со завршен ЕТФ / ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ;
- Одлично познавање на статистички методи;
- Одлично познавање на MS Excel, VBA, познавање на Pyton ќе се смета за предност;
- Аналитички вештини и искуство во работа со голем број на податоци ќе се смета за предност;
- Познавање на пазарот на електрична енергија во РСМ;
- Солидно познавање на Англиски и/или Германски јазик;
- Развиени комуникациски вештини;
- Искуство во работа со кратки рокови.
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на
jobs@evn.mk, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница
www.evn.mk најдоцна до
30.11.2019.
Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат условите.
ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување
ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси
www.evn.mk,
jobs@evn.mk