Vrabotuvanje.com - Инженер на систем, Систем администратор и Техничар за помош на корисниците - Скопје - КаСис АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер на систем, Систем администратор и Техничар за помош на корисниците

Скопје

Application deadline:

  • КаСис АД Скопје
Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.
 
Доколку себеси се препознавате во овие вредности Ве покануваме да доставите Апликација и да станете дел од тимот за следните позиции:

Инженер на систем - (3) извршители

Систем aдминистратор - (1) извршител

Техничар за помош на корисниците - (1) извршител

Инженер на систем - 3 извршители

Образование:

  • ВСП степен стручна подготовка - Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки.

Опис на работно место и одговорности:

  • Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи;
  • Администрација на апликации;
  • Мониторирање на уреди и комуникациски линии;
  • Администрирање на канали на плаќања и веб сервиси;
  • Анализа на податоци;
  • Изработка на кориснички упатства и технички спецификации;
  • Познавање на работа со база на податоци и дизајн на ИТ Системите.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; 
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Работно искуство поврзано со картично работење ќе биде земено како предност;
  • Познавање на SQL/SQL Plus ќе биде земено како предност;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.
     

Систем администратор - 1 извршител

Образование:

  • ВСП степен стручна подготовка - Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки.

Опис на работно место и одговорности:

  • Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
  • Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
  • Администрирање  на регуларни резервни копии;
  • Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
  • Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
  • Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE);
  • Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS;
  • Администрирање на Domain Controller.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; 
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.
     

Техничар за помош на корисниците - 1 извршител

Образование 

  • ССП – техничка насока.

Опис на работно место и одговорности:

  • 24/7 дежурен центар;
  • Подготовка на извештаи;
  • Мониторинг на системи и линии;
  • Контакт со банки / клиенти.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; 
  • Потврда за завршена обука од областа на комуникациските вештини ќе биде земено како предност.
 
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација или на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 30.11.2019год.
 
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more