ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТЕВ Скопје
19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА
Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ - Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.
Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.
ПЗУ Клиничка Болница Жан Митрев Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место:
ПРОГРАМЕР
Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:
- Анализа и дизајн на софтверски решенија кои се во функција
- Развој на дополнителни софтверски модули на веќе постоечкиот болнички систем
Потребни квалификации на програмерот:
- Искуство со Microsoft stack
- Познавање и искуство во ASP.NET MVC
- Познавање на релациони бази на податоци MsSQL / MySQL
- Искуство во ORM технологии и LINQ
Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност:
- Основно познавање на JavaScript, CSS3, HTML5
- Искуство со TFS (Team Foundation Server)
- 1+ год. Работно искуство како програмер на болнички и медицински апликации, ќе се смета како предност