„Скопје Еаст Гате СЕГ“ дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. Поради проширување на одделот за финансии бараме искусни, амбициозни, аналитични, проактивни кандидати за отворена позиција
Финансиски контролор
- Универзитетско образование од областа економија и финансии
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на слична позиција
- Лиценца за овластен сметководител
- Предност имаат кандидати со напредно познавање на сметководствен програм Pantheon
- Одлично познавање на работа во MS Office
- Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
- Независност и самостојност во извршување на работните обврски
- Високо ниво на аналитички вештини, расудување и вештини за идентификување детали на база на податоци и документација
- Познавања од областа на сметководството и финансиите
- Систематичност, организираност, иницијативност
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
- Проверка на влезна и излезна документација согласно интерните процедури и сметководствената политика на компанијата и законската регулатива
- Идентификување на неправилностите во работењето и препорака на мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците
- Почитување и изготвување на интерните правила и процедури на работење
- Спроведување на интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во компанијата
- Книжење во компјутерскиот/сметководствениот програми на компанијата
- Контрола на аналитичка сметководствена евиденција и известување до вработени и надворешни лица
- Комуникација со институции и деловни соработници
- Изготвување извештаи пред институции и менаџментот на компанијата
- Вршење сродни работи
- Надзор на други соработници
- Компензација во согласност со искуството и работните обврски
- Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавачот
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
Доколку сакате да станете дел од една од најголемите инвестициски групации во регионот и да работите на овој возбудлив проект, доставете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.
Огласот е активен до 12.12.2019
Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат контактирани за понатамошна селекција