Vrabotuvanje.com - Машински и електро техничари - Скопје - Макстил
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински и електро техничари

Скопје

Application deadline:

  • Макстил

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
 
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
 
Во моментов, во рамки на нашиот тим се отворени следните работни места: 
 
Извршители во машинско одржување  – 10 (десет) извршители
 
 
Опис на работно место:
  • Извршување на браварски активности како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
  • Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
 
Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции
 
Основни квалификации на кандидатите:
  • IV степен на стручна подготовка, машински техничар за 5 извшители;
  • III степен на стручна подготовка – машинска струка за 5 извршител;
  • Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
  • Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.
 
Извршители во електро  одржување – 8 (осум) извршители

 
Опис на работно место:
  • Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
  • Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од електро  аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
 
Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции
 
Основни квалификации на кандидатите:
  • IV степен на стручна подготовка, електро  техничар-енергетичар 5 извшители;
  • III степен на стручна подготовка – електро механичар (инсталатер) 3 извршители;
  • Релевантноработно искуство е пожелно, но не задолжително;
Дополнителни квалификации на кандидатите:
  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Совесност за безбедност при работа;
  • Способност за работа под притисок и со рокови.
Што ние нудиме:
  • Конкурентна плата;
  • Динамично опкружуваше со можност за учење, развој и напредок;
  • Позитивна работна средина.
 

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16. Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака Работно место – Машински техничар, најдоцна до 20.12.2019.

Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more