Vrabotuvanje.com - CNC Техничар/Инженер (CNC Technician / CNC Engineer) - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

CNC Техничар/Инженер (CNC Technician / CNC Engineer)

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс. 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 


CNC Техничар/Инженер (CNC Technician / CNC Engineer)

 

Работни задачи и одговорности: 

  • Сетирање и ракување на CNC машините (CNC Mill, CNC EDM-electrical discharge machining...) 
  • Правење на програми за CNC машини
  • Адаптирање на изработените програми според условите за работа
  • Работа во CAD/CAM програм и проверка на зададени параметри согласно барањата од производството
  • Изработка и корекција на техничка документација 
  • Одржување на CNC машините и работниот простор околу нив

Образование, искуство, вештини:

  • ССС или ВСС од Машинска струка
  • 3 годишно искуство во работа со CNC машини и (Mill i EDM)
  • Искуство во програмирање CNC машини
  • Познавање на софтвер за контрола на CNC машини (Heidenhain) ќе се смета за предност
  • Познавање нa софтверот Catia 3D Design
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "CNC Technician/Engineer" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

 
Краен рок за пријавување: 10 Јануари, 2020

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more