Vrabotuvanje.com - Правник во одделот за Правна служба - Скопје - Друштво за техничко испитување, анализа, промет и услуги АПАВЕ СЕЕ ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Правник во одделот за Правна служба

Скопје

Application deadline:

  • Друштво за техничко испитување, анализа, промет и услуги АПАВЕ СЕЕ ДОО Скопје


АПАВЕ ГРУП е глобален лидер во своите услуги за Тестирање, Инспекција и Сертификација, чие што седиште се наоѓа во Франција, брои повеќе од 11.700 вработени на 48 локации низ светот. Компанијата има 150 години традиција во технички напредок, 34 лаборатории и центри за тестирање, како и 170 тренинг центри кои им овозможуваат на вработените да се стекнат со потребните знаења и вештини и да одговорат на барањата на повеќе од 200.000 интернационални клиенти.

АПАВЕ СЕЕ е регионален центар и дел од глобалната компанија, која се наоѓа на територија на Р. Северна Македонија и дава услуги од областа на техничка инспекција и испитување без разорување во нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени се специјализирани инженери кои работат на проекти за техничка инспекција, претежно низ Европа, Африка и Азија.
АПАВЕ СЕЕ како Регионален Центар има потреба од:

ПРАВНИК ВО ОДДЕЛНОТ ЗА ПРАВНА СЛУЖБА

Кој ќе се придружи на нашиот тим што раководи со зоната која ја имаме под наша одговорност во Африка, Азија и Европа, на сите локации за кои е надлежна канцеларијата. 

Работни задолженија:

  • Изготвување нацрт на договори со добавувачи / со клиенти;
  • Следење на законски и подзаконски акти од делокругот на работата на друштвото;
  • Водење и поднесување на пријави за регистрација и промени во друштвото;
  • Застапување на друштвото пред судовите, управните и други органи, по овластување на Управителот и Техничкиот директор;
  • Вршење на класификација на документи според нивото на доверливост;
  • Организирање на осигурувањето на друштвото од настаната штета при вршење на дејност.

Потребни квалификации:

  • Високо образование, Правен Факултет – насока: меѓународно право;
  • Одлично познавање на англиски, француски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на MS Office алатките за работа;
  • Стратешко размислување и способност да ја спроведе стратегијата во акција;
  • Искуство во работа во професионален и доверлив капацитет;
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Силни лидерски вештини;
  • Висока адаптибилност и  флексибилност;
  • Добри вештини за управување и надзор;
  • Вештини за проценка и решавање на проблеми;
  • Подготвеност за патување.

Како предност ќе се смета:

  • Интернационално искуство или искуство во глобално културно опкружување;
  • Интерес за постојано усовршување.

Сите заинтересирани за работа во динамична и интересна деловна околина со можност за постојан развој својата кратка биографија со назнака „ Правник во одделот за Правна служба “ може да ја испратат преку полето Брза Апликација.

Напомена: Само успешните кандидати ќе бидат контактирани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more