инженер за проекти
Опсег на работата:
- Одговорен за планирање, организирање и контролирање на сите елементи/фази на еден или повеќе проекти. Надзор на развој и имплементација на проектот преку континуирана евалуација, намалување на ризиците и комуницирање на ризиците на проектниот менаџер, клучните засегнати страни, клиентите и добавувачите.
Главни одговорности:
- Одговорен е за преглед и следење на проектот и предлозите и работи со менаџерскиот тим за дефинирање на опсегот и целите на проектот. Дефинирање на задачи, времетраење, ресурси и редоследот на фазите на проектите.
- Подготвува опис и временска рамка за проектите и го известува тимот во согласност со планот за комуникација.
- Ги анализира потребите и барањата на клиентите и истите ги пренесува преку технички спецификации со цел да се исполнат очекуваните перформанси.
- Ги креира и ревидира понудите за изведувачите; преку состаноци за координација на проектот и друг вид на комуникација, ги надгледува и координира техничките аспекти на проектот.
- Подготвува извештаи за статусот и редовно ги следи опсегот, ризиците, буџетите, изведувачите и распоредот. Соодветно ги распределува ресурсите на проектот. Води точна евиденција и електронска база на податоци за сите елементи на проектите.
- Ги презентира процедурите, правилата и регулативите на оние кои што се вклучени во проектот; одржува безбедно, чисто и продуктивно опкружување преку спроведување на истите. Се грижи за интегритетот и угледот на проектот почитувајќи ги сите законски регулативи.
- Развива детален проектен план (краткорочни/ долгорочни цели, стратегија, опсег, буџет, распоред, стратегии за управување со ризици, планови за непредвидени состојби, пристап, барања, испораки, временски рокови, структури за работа, употреба на претходно искуство од веќе настанат случај, тест случај и потреби за обука) со користење на методологии за управување со проекти, вклучувајќи анализа на процеси, мапирање и креирање на тек на процеси за да се обезбеди синхронизација на процесите и системите.
- Ги вклучува сите клучни засегнати страни, ги дефинира и координира активностите, известува за промените и напредокот, работи на посветеност на тимот, го надминува отпорот и помага во водењето на проектниот тим.
- Ги следи индикаторите за перформанс поврзани со индивидуалните лица, тимовите, процесите и проектите.
- Користи ефикасна комуникација и вештини за преговарање, користејќи дипломатија при решавање на критични проблеми кои што го засегаат клиентот, персоналот или менаџмент тимот.
- Ги идентификува резултатите од најдобрите практики како дел од процесот на постојано подобрување.
Потребни квалификации:
- Образование: Високо образование (Технички факултети).
- Искуство: над 8 години.
Потребни технички и други вештини:
- Способност за креирање извештаи, деловна комуникација и креирање процедури.
- Флексибилност и способност за управување со повеќе проекти истовремено.
- Искуство со фазите за управување со проекти (дефинирање, планирање, имплементација, затворање).
- Одлични комуникациски вештини и вештини за преговарање.
- Високо ниво на познавање на апликациите на MS Office applications.
- Одлично познавање на англиски јазик.
Доколку сте заинтересирани Вашето CV пратете го преку полето "Брза Апликација"