Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Струга и Дебар - Струга и Дебар - Пивара Скопје АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист - унапредувач на пазарот за Струга и Дебар

Струга и Дебар

Application deadline:

  • Пивара Скопје АД

При секојдневното сретнување со нашите клиенти и конзумери, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

​Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование ќе се смета за предност; 
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

Краток опис на основните одговорности:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Како да се аплицира:​

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: 

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 22.01.2020 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

БРЗА АПЛИКАЦИЈА

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more