Vrabotuvanje.com - Ракувач на бетонска пумпа - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Ракувач на бетонска пумпа

Скопје

Application deadline:

  • ГД Гранит АД - Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

 Ракувач на бетонска пумпа - 2 извршители
 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема;
  • Пожелно е да има минимум 3 години работно искуство како ракувач на бетонска пумпа;
  • Пожелно е да поседува уверение за ракување со бетонска пумпа;
  • Возачка дозвола Ц категорија.

Клучни одговорности и задачи:

  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен и ги пополнува листите за секојдневна проверка на возилото;
  • Ги применува и употребува предвидените заштитни средства имерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите лица-учесници во сообраќајот;
  • Благовремено  во писмена форма го известува извршителот на регион назначен од ОЕ Механизација или раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и превзема лично активности и мерки за поправка на возилото примонтажа и демонтажа на делови гуми друго;
  • Одговорен е за навремено, квалитетно и безбедно извршен превоз на роба и  патници;
  • Води грижа за важноста на техничкиот преглед на возилото: редовен и периодичен(автобуси, минибуси) и навреме најавува припрема за технички преглед.

Компанијата нуди:

  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување;
  • Работа во Скопје и на терен;
  • Основна Нето плата без прекувремени часови, додатоци и награди во висина од 21.000,00 денари.

Личен профил:

  • Организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.  

Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk

За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more