Vrabotuvanje.com - Продажен претставник во продавница – Струга - Струга - Македонски Телеком АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен претставник во продавница – Струга

Струга

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а сѐ со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси, работејќи според највисоките светски стандарди.  
 
Заради пополнување позиција во нашиот тим, имаме потреба од млади, талентирани лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на конкретно работно место.
 
 
Продажен претставник во продавница – Струга
 
Служба за директна продажба во Секторот за продажба за приватни корисници во Областа на главниот комерцијален директор за приватни корисници
 
 
Што бараме:
Посветеност на продажни и услужни активности за нашите корисници, обезбедувајќи најдобро корисничко искуство и градејќи лојалност на корисниците преку:
  • Помагање на корисниците да ги изберат најдобрите продукти и услуги за нивните комуникациски потреби;
  • Презентација на продуктите и услугите на корисниците и најновите технолошки достигнувања; 
  • Водење на корисниците низ продажниот процес преку поставување прашања и споделување експертиза;
  • Пристапување кон продажните и услужни активности со трпеливост, искреност и емпатија;
  • Градење односи со другите колеги во компанијата со цел реализација на корисничките барања.

Што очекуваме:
  • Желба за работа со корисници
  • Натпреварувачки дух
  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Вљубеник во технологијатa
 
Квалификации:
  • Вишо или Средно образование 
  • 1 година соодветно работно искуство 
  • Добро познавање на англиски јазик
 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата која се состои од фиксен дел и бонус кој зависи од остварувањето на продажните резултати
  • Учество во продажни програми во рамки на ДТ Групацијата („Круг на победници”) и продажни кампањи
  • Обуки за продукти и вештини (продажни, комуникациски...)
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК
 
Работно време:
  • Работното време е во смени

Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за Продажен претставник во продавница – Струга
 
Огласот ќе биде објавен на ден   17.01.2020 година и ќе трае  до  25.01.2020 година
 
Контакт информации тел.: 02/3 242-602, e-адреса: career@telekom.mk,
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more