Vrabotuvanje.com - Соработник за трејд маркетинг - Скопје - Пивара Скопје АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за трејд маркетинг

Скопје

Application deadline:

  • Пивара Скопје АД

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. Ќе развиваш тактики преку креирање иновативни и ефективни промотивни активности, визуелни програми и соодветно позиционирање на нашето портфолио со цел да се постигнат продажните цели на нашите брендови. 
Ова е одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

​ДАЛИ СЕ ОВА ТВОИТЕ ТАЈНИ СОСТОЈКИ?

  • Ти си тимски играч и имаш желба за интернационална кариера;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Претходно искуство од мин. 2 години во маркетинг, комерција или продажба;
  • Имаш високо образование, прдност Маркетинг;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б – категорија.

ТВОИТЕ КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Планирање, координирање и развивање на проекти согласно зададените временски рамки;
  • Доставување фидбек од редовни посети на пазарот и дефинирање корективни мерки за активација и промоција;
  • Планирање на потребните ресурси за дадениот канал;
  • Подготување на маркетинг активности и евалуација на нивната ефективност и успех;
  • Креирање маркетинг кампањи и соработување со надворешни агенции.

Како да се аплицира:​

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: 

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 25.01.2020 год.
     

БРЗА АПЛИКАЦИЈА

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more