Vrabotuvanje.com - Специјалист за директна продажба на терен - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за директна продажба на терен

Скопје

Application deadline:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин.

Дали и вас ви е важно колку и нам постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со нас, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.

Нашите вработени се нашата најголема вредност и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на нивната и нашата иднина. Сакаме секој ден да го чувствуваме како можност и да бидеме опкружени со оптимизам и креативност.

Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на

Специјалист за директна продажба на терен

Доколку вашите силни страни се проактивност, флексибилност, а притоа сте секогаш ориентирани кон резултати и исклучителна корисничка грижа, тогаш токму Вие сте лицето што го бараме!

Тиго специјалистот за директна продажба на терен го знае вистинскиот начин како најдобро да стапи во директен контакт со заинтересираните лица, компетентно да им ги објасни услугите, успешно да ја затвори реализира средбата и најважно, клиентот да го препознае на Тиго како компанија која е Пријател во најпотребните моменти. Веќе се пронајдовте? Прочитајте ги сите детали подолу зошто да се приклучите кон тимот на Тиго!

Позицијата вклучува:

  • Директна продажба на кредити на крајни корисници на терен, вклучително и презентации на договорена локација и door to door промоции;
  • Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредититрање;
  • Поддршка на корисниците при процес на апликација;
  • Следење на потенцијални клиенти и комуникација со нив;
  • Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на компанијата;
  • Градење на долгорочна соработка со постоечки клиенти;
  • Соодветна промоција на брендот и постојано следење на условите на пазарот;
  • Учество на состаноци, подготовка на извештаи и развивање на стратегии за теренска продажба.

Профил на кандидат:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини;
  • Работа со табели во Google Drive;
  • Познавање на англиски јазик и MS Office;
  • Вештини за преговарање и убедување;
  • Исуство во теренска продажба ќе се смета како предност;
  • Флексибилност за работа во две смени понеделник-сабота;
  • Лица на кои предизвик им е работа со проекции и претходно утврдени таргети.

Услови од компанијата:

  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Велнес програми и придобивки од попусти;
  • Работна средина која мотивира со висок степен на тимска игра;
  • Современа и најнова технологија;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија.


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација. Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од нашата база на потенцијални кандидати.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more