Vrabotuvanje.com - Лице за продажба - Скопје - Asics
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Лице за продажба

Скопје

Application deadline:

  • Asics

Од основањето во 1949 година, ние во ASICS посветено се залагаме за негување на младите во светот преку спортот, со цел на тој начин да придонесеме за општеството. Нашата визија е „Да создадеме квалитетен животен стил преку интелигентна спортска технологија“, а наша мисија е креирање производи кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.

Согласно вредностите на ASICS, сечиј инпут и придонес е за почит. Негуваме заедничка соработка и ангажираме членови на тимот кои никогаш не се задоволуваат со постигнатото -  секогаш ги поместуваат своите граници и постојано се во потрага по начини за подобрување на своите перформанси. Нашиот тим е составен од иновативни и креативни луѓе, секогаш спремни за нови предизвици, кои секогаш се трудат да ја постигнат и надминат следната цел.

Ако ова звучи како тебе, аплицирај за позицијата:
 

ЛИЦЕ ЗА ПРОДАЖБА

 

Потребни квалификации:

  • Образование: Минимум III степен;
  • Претходно работно искуство не е задолжително;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери; неопходно за работа со фискална каса.

Главни задачи и одговорности:

  • Продажба и комуникација со клиенти;
  • Се грижи и обезбедува квалитетна услуга;
  • Ги обезбедува потребните информации за производите;
  • Се грижи за изгледот и хигиената на објектот;
  • Евидентирање на податоци од клиенти доколку во моментот не може да бидат услужени со баран производ;
  • Изложување на артикли на соодветно место за истите;
  • Наплата и издавање фискални сметки;
  • Секојдневно уредување на магацинот согласно дадени насоки од претпоставено лице;
  • Запознавање на клиентите со програмата за лојалност и издавање картички;
  • Примање на поплаки според процедура.

Личен профил и посакувани способности и вештини:

  • Комуникациски вештини;
  • Професионалност во работењето;
  • Лојална личност, ориентирана кон остварување на целите;
  • Професонално презентирање на производите;
  • Способност и желба за решавање на конфликти;
  • Тимска посветеност, добра соработка со колегите.

Очекувани карактеристики:

  • Упорност, стремеж кон постигнување на целите;
  • Прилагодување на нови методи и процедури;
  • Интерес кон спорт како и познавање на спортот.

 

Доколку бараната позиција претставува предизвик за Вас, Ве охрабруваме Вашата Професионална биографија да ја испратите преку полето "Брза Апликација"
 

 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more