Vrabotuvanje.com - Store Manager (Менаџер на продажен салон) - Скопје - Asics
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Store Manager (Менаџер на продажен салон)

Скопје

Application deadline:

  • Asics

Од основањето во 1949 година, ние во ASICS посветено се залагаме за негување на младите во светот преку спортот, со цел на тој начин да придонесеме за општеството. Нашата визија е „Да создадеме квалитетен животен стил преку интелигентна спортска технологија“, а наша мисија е креирање производи кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.

Согласно вредностите на ASICS, сечиј инпут и придонес е за почит. Негуваме заедничка соработка и ангажираме членови на тимот кои никогаш не се задоволуваат со постигнатото -  секогаш ги поместуваат своите граници и постојано се во потрага по начини за подобрување на своите перформанси. Нашиот тим е составен од иновативни и креативни луѓе, секогаш спремни за нови предизвици, кои секогаш се трудат да ја постигнат и надминат следната цел.

Ако ова звучи како тебе, аплицирај за позицијата:
 

STORE MANAGER (МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖЕН САЛОН)

 

Потребни квалификации:

  • Образование: Минимум III степен;
  • Минимум 3 години претходно работно искуство во малопродажба;
  • Дополнително работно искуство со административни процедури, продажба и менаџирање на тим;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери; работа на каса, и подготовка на извештаи; MS-Office пакет (Word, Excel).

Главни задачи и одговорности:

  • Постигнување на поставени таргети;
  • Организирање на вработените и продажбата;
  • Надгледување на работата на продавачите;
  • Продажба и комуникација со клиенти;
  • Ажурно ивршување на административните задачи;
  • Преземање одговорност за работењето на продавницата.

Личен профил и посакувани способности и вештини:

  • Организациски вештини и способност за управување со тим;
  • Професионалност во работењето, висок морал и деловна етика;
  • Лојална личност, ориентирана кон остварување на целите;
  • Професонално презентирање на производите;
  • Способност за решавање на конфликти;
  • Високо ниво на комуникативност.

Очекувани карактеристики:

  • Мотивирање на тимот;
  • Упорност, стремење кон постигнување на целите;
  • Прилагодување на нови методи и процедури;
  • Интерес кон спорт како и познавање на спортот.

 

Доколку бараната позиција претставува предизвик за Вас, Ве охрабруваме Вашата Професионална биографија да ја испратите преку полето "Брза Апликација"

 
 
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more