Арт Принт Студио, има потреба да вработи 2 лица
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР препресс техничар
Опис на работата и работните задачи:
- Арт Принт Студио има потреба од дизајнер и познавач на припрес монтажа, со работно искуство од минимун 2 години или со приближно искуство.
- Арт Принт е спремен да го дообучи лицето, за припрес оделот.
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работата
- Подготвеност да ја прифати фирмата како своја
Лицaто ќе ги има следнива задачи:
- Примање на готови фајлови од клиенти
- Комплетна проверка преку предефинирани правила
- Монтажа за оффсет и дигитален табачен печат
- Дизајнирање возила и спремање за принт на дигитален плотер
- Дизајнирање разновидни продукти
- Исклучително придржување кон правилата за работа
- Дизајнирање и припрема за печат за тврди продукти (flat bat polter).
- Повремено печатење на дигитални машини / принтери
- Координација со оффсет и дигитален сектор за ефикасно работење
- Нумерација за пошти и други нумерации
- Дообука во напредни програми за графика
- Силно чуство и желба за работење на странски пазар и прилагодување во дизајн концептот на странската земја, со можност работење во тим на 10 графички дизајнери
Максимална подршка за тимот да работи хомогенизирано
Графички дизајн со дизајнерски способности за креирање на МОДЕРНИ, УНИКАТНИ И СОВРЕМЕНИ дизајнерски решенија.
Брзо и ефикасно користење на COPY/PASTE дизајнерски решенија.
Брзо и ефикасно ремоделирање на готови решенија за полнење на нашата база со дизајни за ВЕБ страната.
Одлично познавање на Англиски јазик, предност при вработување доколку го познавате и Германски јазик поради потребата за работа за Европски пазар.
Арт Принт Студио е компанија која излегува на Европски пазар има веб страна која ќе продава решенија на Европскиот пазар.
Интервенирање во социјални медиуми е во делот на графички дизајн и ситни активности, дадени од одговорно лице.
Имаме комплетно производство со над 30 машини од графичката индустрија.
За исклучително работливи и искусни графички дизајнери и лица со пошироки знаења, ВЕБ дизајн, Анимации, Презентации, разговарање за високи плати и бенифиции.
Можност за добра заработка после воспоставување, усогласување и координација на целиот систем.
Дискреција загарантирана.
Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака ,, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР ТЕХНИЧАР/ПРЕПРЕСС”.
Општи правила за аплицирање: Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот). Назнака на позиција за која се аплицира.