ФОРНЕТ е компанија основана 1999 година. Во своето долгогодишно работење зад себе имаме голем број на успешно завршени проекти. Задоволството на клиентите придонесува да еднаш воспоставените релации со тек на време бидат продлабочувани и доведуваат до постојан развој на соработка и препорака кај нови клиенти. Со тоа ФОРНЕТ во текот на годините бележи постојан стабилен раст и развој.
ФОРНЕТ има потреба од следната работна позиција:
ОПШТ РАБОТНИК
Регион - Штип и Кочани
Потребни квалификации:
- Со или без претходно работно искуство;
- Искуство во ископ на ровови за полагање на телекомуникациски кабли и столбови ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола е пожелно, но не и задолжително (возачка дозвола за Ц категорија е исклучителна предност).
Опис на работна позиција:
- Физичка работа, ископ на дупки, ископ на ровови за поставување на телекомуникациски кабли и дупки за поставување на телекоминикациски столбови (бандери).
Плата:
- Почетни месечни примања во висина од 19.000,00 мкд (просек 23.000,00 мкд).
Работата е организирана и целосно спроведена согласно законските прописи што значи придонеси на полна плата, одмор согласно закон и почитување на пропишани мерки за БЗР.
Работиме за потребите на двата најголеми телекомуникациски оператори МТ и А1. Лица кои се склони за напредок, се нотираат и им се дава соодветна обука за кариерен напредок.
Вработениот треба да биде физички способен за напорна физичка работа во разни временски услови.
Место и време на извршување на работата:
- Територија на РМ; Од 08:00-16:00 часот (понеделник-петок, сабота по неодложна потреба - пример, дефект на магистрална оптичка линија, паднат столб кој ги загрозува животите и добрата на населението).
Ако ги исполнувате нашите барања и сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме испратете своја биографија преку полето Брза Апликација.