Vrabotuvanje.com - Во потрага сме по нови унапредувачи на пазарот кои тежнеат да прераснат во идни Тим лидери - Територија на Р. Македонија - Пивара Скопје АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Во потрага сме по нови унапредувачи на пазарот кои тежнеат да прераснат во идни Тим лидери

Територија на Р. Македонија

Application deadline:

  • Пивара Скопје АД

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Позицијата Унапредувач на пазарот е срцето на Пивара Скопје. Улога каде што го гледаш позитивното влијание од твојата секојдневна работа. Како унапредувач на пазарот ќе бидеш задолжен да го развиваш портфолиото на водечки глобални и локални брендови на пијалaци. 

При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Преферираш работа на терен, наместо канцелариска;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
  • Ориентиран си кон потрошувачите и градиш силни врски со нив;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование ќе се смета за предност; 
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.


КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со потрошувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.


КАКО ЌЕ ЗНАЕШ ДЕКА СИ УСПЕШЕН:

  • Со исполнување на целите во: обем на продажба, активација на пазарот, задоволство на потрошувачите, дневно извршување и контрола на опрема.
  • Со добивање константен фидбек од твојот лидер, тим и потрошувачите.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more