Vrabotuvanje.com - Продавач - Месар - Загреб - SPAR HRVATSKA d.o.o
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продавач - Месар

Загреб, Croatia

Application deadline:

  • SPAR HRVATSKA d.o.o
Miniso
SPAR HRVATSKA е компанија – членка на СПАР Австрија Група, која делува на територија на Република Хрватска од 2005 година. Еден од најголемите трговски ланци во Република Хрватска до денес има 93 СПАР Супермаркети и 21 ИНТЕРСПАР хипермаркети со над 4300 вработени и планови за натамошен раст. 

СПАР Хрватска (во соработка со Вработување ХР Солутионс) објавува оглас за регрутирање на кандидати за работна позиција:  
 
ПРОДАВАЧ - МЕСАР 
(Потребен број на извршители: 20)
 
Локација: Загреб, Хрватска

 

Од кандидатите очекуваме:

  • ССС или КВ (предност - месар);
  • Претходно работно искуство како месар е пожелно;
  • Сигурност и посветеност кон работата;
  • Совесност и точност;
  • Грижа за лична уредност и уредност на работното место.

Задачи и одговорности:

  • Одвојување, сечење и преработка на месо;
  • Подготовка на производите за пакување и продажба;
  • Пакување на производите, нивно етикетирање и сортирање по категорија;
  • Услужување и продажба на производите;
  • Oдржување на хигиена на работната површина и машините;
  • Имплементација и контрола на HACCP систем;
  • Пријателски настроени кон купувачите.

Ние Ви нудиме:

  • Атрактивни примања;
  • Обезбедено сместување и платени оброци;
  • Динамична работа во меѓународна компанија;
  • Можност за професионален развој.
     
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
 
За дополнителни информации слободно јавете се на телефонските броеви:
 
Мобилен тел. - 071/305 939
Фиксен тел. - 02/3 296 446

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more