Vrabotuvanje.com - Салатер - Скопје - МАРКТ ОРГАНИК
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Салатер

Скопје

Application deadline:

  • МАРКТ ОРГАНИК
 

 

Со цел да го постигне посакуваниот квалитет во својата услуга, се објавува оглас за вработување за позициите:

Салатер
 

Главни обврски и одговорности на Салатер:

  • Самостојно врши подготовка на салати и сендвичи согласно дадената листа на јадење или порачка;
  • Соработува со останатите вработени во кујна;
  • Ги одржува прехранбените артикли и води грижа за нивна исправна состојба;
  • Врши дополна на продукти од магацинот согласно потребните количини за подготовка на јадењата;
  • Се грижи за квалитетот и квантитетот на спремените јадеања кои се сервират на гостите;
  • Уредно ја сервира примената порачка од келнерот и квалитетно ја издава;
  • Се грижи за хигиената на просторот во кујната и работните алатки.

Потребни квалификации:

  • Желба за работа во кујна;
  • Тимска работа;
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови.

Дополнителни квалификации кои ќе бидат земени во предвид:

  • Диплома или сертификат за стручна подготовка: ССС- Угостителство;
  • Работно искуство.

Што нудиме ние:

  • Работа во динамична средина;
  • Иновативна кујна, прилагодена на најмодерните трендови за исхрана (безглутенска храна, Веганска и Вегетаријанска Храна, Високо Протеинска Храна);
  • Пријатна атмосфера и добри меѓучовечки односи;
  • Конкурентна плата и можност за напредување;
  • Нова кујна по стандардите во областа на гастрономијата.
     

Плата во висина од 16.000 до 22.000 денари.

 
 
Ланецот на локали за здрав начин на живеење го продолжува ширењето на својот бренд со отварање на ресторан за здрава храна, Markt.Kitchen.
 
Посветеноста на оваа компанија во индустрија која бара врвна услуга за своите гости генерално се заснова на квалитетот кој го поседуваат вработените кои работат во тимот на Маркт, затоа за овој проект потребни се професионалци од областа на гастрономијата.
 
Како да аплицирате:
Ги охрабруваме заинтересираните кандидати да аплицираат со испраќање на нивното CV преку полето Брза Апликација.
 
Со нетрпение чекаме да ве запознаеме и да ја споделиме нашата визија со вас.
 
Контакт тел. 071/350-786
 

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more