Vrabotuvanje.com - Планер на побарувачка - Скопје - Пивара Скопје АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Планер на побарувачка

Скопје

Application deadline:

  • Пивара Скопје АД

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Позицијата планер на побаривачка е клучот во протокот на информации и планирањето помегу продажбата и производството. Како Планер на побарувачка ти ќе бидеш главната алка при обезбедувањето информации и евалуација на планот за количини и предупредување на можни ризици или можности. 

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
  • Преферираш динамична работа;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Проактивен/а си и одлучен/а;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование, предност - Економија, Финансии и Статистика; 
  • 2 + години искуство на инедтична или слична позиција;
  • Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Напредни аналитички вештини и пасија за работа со бројки;
  • Добро познавање на деловниот англиски јазик


КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одговорен/а за обезбедување на времени и прецизни планови за побарувачка врз основ на податоци обезбедени од одделите на продажба и производство;
  • Комуницира со одделите на продажба, маркетинг, финансии и синџир на набавка со цел да ги идентификува факторите при прогнозирање на побарувачката;
  • Континуирано идетификувње на неусогласенос од прогнзорањето во однос на буџетот и навремено информирње на Менаџментот за настанатите девијации;
  • Спроведува неделни состаноци за планирање и ги имплементира најновите информации помеѓу функциите во прогнозите;
  • Ја мери евалуацијата на планираните податоци за количина во однос на актуелните резултати за продажба;
  • Го дефинира и имплементира адекватниот план во случај на девијација;
  • Одговара за координација и оптимизација на процесот за планирање.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да пристапат на полето аплицирај веднаш (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 18.03.2020.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. 

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more