Vrabotuvanje.com - Live Chat Agent - Скопје - Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Live Chat Agent

Скопје

Application deadline:

  • Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
 
 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за грижа на корисници во контакт центар.

Live Chat Agent

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.


Позицијата вклучува:

  • Разговор на чат со потенцијални и постоечки клиенти
  • Продажба на наши производи на чат
  • Следење на потенцијални заинтересирани клиенти и телефонска продажба
  • Следење на извештаи

Профил на кандидат:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Работа со табели во Google Drive
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Исклучително високо ниво на граматичко познавање на македонскиот јазик
  • Способност за добро изразување
  • Брзина во четување
  • Флексибилност за работа во две смени понеделник - недела

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

ТИГО ФАЈНАНС обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more