Vrabotuvanje.com - Менаџер - Скопје - Square 21
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер

Скопје

Application deadline:

  • Square 21

 

Square 21 e топло место на најпознатата улица во Македонија, каде што се собравме сите во вистинско светло да ви ја претставиме и промовираме љубовта кон гастрономијата, преточена преку знаењето и искуството кое што со години го собиравме од големите мајстори и љубители на светската кујна. 
 
Прифаќањето на Square 21 за ваша дневна и неделна навика е нашиот најголем комплимент што сме го добиле. Заедно со вас, среќни сме што ќе и дадеме нов дух на најпознатата улица во Македонија. 
 
Ако шетате по Плоштадот Македонија, нема да ви треба ништо повеќе од пет минути да не посетите. Лоцирани сме долж улица Македонија, во перфектен поглед на најкултното место во Скопје. 
 
 
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на следната позиција: 
 
МЕНАЏЕР
 

​Потребни квалификации:
  • Високо образование
  • Задолжително претходно работно искуство во менаџирање на угостителски објект и менаџирање на вработени
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office пакет програми
  • Дополнителни обуки од областа на угостителство ќе се сметаат како предност
Одговорности и задачи:
  • Менаџирање и организирање на објектот
  • Обезбедува ефикасно работење на ресторанот
  • Планирање и организирање на секојдневни активности
  • Планирање и спроведување на набавки во согласност со потребите на ресторанот
  • Организирање на персонал и нивна контрола врз работата
  • Материјално работење
  • Водење на месечни извештаи во однос на набавки
  • Однос со клиенти
Личен профил:
  • Развиени комуникациски и организациски способности
  • Ефективна вербална и писмена комуникација
  • Енергичност и иницијативност
  • Флексибилност и адаптибилиност
  • Совесност и посветеност кон работата
  • Способност за формирање и водење на тим
  • Способност за работа под притисок, во динамично окружување
     
Доколку сте заинтересирани, ве покануваме да аплицирате со испраќање на Вашата биографија преку полето Аплицирај.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more