Vrabotuvanje.com - Бизнис аналитичар - Скопје - ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бизнис аналитичар

Скопје

Application deadline:

  • ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје
 


Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Бизнис аналитичар.

Примарната цел на бизнис аналитичар е преку соодветни анализи потребите на клиентите да ги претворат во нови продукти, услуги и профити за компанијата. Бизнис аналитичарите играат клучна улога во продуктивноста, ефикасноста и профитабилноста на компанијата.

Опис на работни задачи:

  • Ад хок анализи;
  • Анализа и документирање на потребите на корисниците на услугите;
  • Соработка со маркетинг менаџер, изработка на кампањи за постигнување на посакувани резултати;
  • Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат исполнети;
  • Подготовка на извештаи и анализи за портфолиото на клиенти;
  • Креирање на нови и иновативни начини за следење и анализа на процесите на работа;
  • Тесна соработка со менџерите и ИТ оддел за да се обезбедат најдобри резултати;
  • Исполнување на проектни активности според дефинирани проектни задачи;
  • Дефинирање на задачи за извршување;
  • Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи;
  • Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби;
  • Подготовка на Извештаи за статус на проект;
  • Поддршка на клиенти и одржување на имплементиран систем;
  • Подготвување на технички извештаи со собирање, анализирање и сумирање на информации и трендови;
  • Дневни, неделни и месечни прегледи и анализи на тековните процеси користејќи оперативни метрика и извештаи.

Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Минимум 1 година работно искуство во областа;
  • Работа со компјутери (Word, Excel, Outlook…);
  • Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на корпоративен менаџмент;
  • Напредно познавање на бизнис процеси.

Очекувани способности и вештини:

  • Одлични аналитички вештини;
  • Напредни комуникациски вештини;
  • Напредни вештини за пишување;
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време;
  • Основно ниво на техничко знаење;
  • Способност за тимска работа;
  • Посветеност.

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа.


Испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more