ПОМИНИ ГО ЛЕТОТО ВО ОХРИД!
БИДИ ДЕЛ ОД СТУДЕНТСКАТА ПРОГРАМА НА КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
КОСТАЛ Македонија, е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Со задоволство ја објавуваме нашата Програма за летна практикантска работа.
Ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. Нашата програма за менторство ги поврзува практикантите со искусни членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
Бараме проактивни, посветени и искрени млади луѓе, кои ќе ги споделат своите мислења, идеи и прашања, за да создадат култура на повратни информации, образование и континуирано учење и развој.
Кој може да аплицира?
Тековни студенти, од трета и четврта година, од:
- Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ),
- Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ)
- Машинскиот факултет
Кога да ни се придружите?
Ова е можност за време на летните одмори, почнувајќи од 1 јули 2020 година до 31 август 2020 (9 недели по ред). Студентите од Охридско-Струшкиот регион имаат можност да започнат на 17 јуни 2020 година до 31 август 2020 година (11 недели по ред)
Што нудиме?
- Месечна компензација за практикантска работа од 200 евра во денарска противвредност.
- Платено сместување за време на програмата за практична работа.
- Превоз од Охрид / Струга до КОСТАЛ Македонија и обратно.
- Топол оброк во просториите на фабриката.
- 8 работни часови дневно со пауза од 30 минути
- Врз основа на вашата работа како летен практикант, имате можност за квалификација во Програмата за стипендија за академската година 2020/2021.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик, со наведување "ЗА ЛЕТНА ПРАКСА” во насловот на пораката, и тоа преку преку полето Брза Апликација.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати за студентстка програма ќе бидат повикани на интервју.
Краен рок за пријавување: 01/06/2020