Аутомакедонија e основана во далечната 1946 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност.
Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.
Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.
Квалитетот на работењето на Аутомакедонија е еден од основните фокуси на компанијата. Тоа го потврдуваaт и реномираните странски компании, кои неколку години по ред го сертифицираат системот за менаџмент на квалитетот (QMS) на Аутомакедонија согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, а за општествената одговорност и почитувањето на еколошките стандарди во работата сведочи сертифицираниот систем за заштита на средината според меѓународните стандарди ISO 14001.
Аутомакедонија има потреба од следната работна позиција:
СЕРВИСЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА И ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА
Опис на работна позиција:
Одржување и сервис на земјоделска и градежна механизација.
Потребни квалификации:
Завршено средно образование;
Како предност ќе се смета претходно работно искуство во дејноста.
Очекувани способности и вештини:
Вредна и одговорна личност;
Флексибилност, посветеност, лојалност;
Динамични, иницијативни, темелни;
Позитивен став.
Доколку ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија преку полето Брза Апликација!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!