Vrabotuvanje.com - Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader in Injection Мolding) - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader in Injection Мolding)

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:

Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader in Injection Мolding)
 

Работни задачи и одговорности:

  • Лидерот на одделот е одговорен за целиот процес на производство во областа на вбризгување на пластика;
  • Се грижи за планирање, организација, обука, развој и супервизија на персоналот заради постигнување на планот за производство на Одделот;
  • Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производството во Одделот;
  • Одговорен е за следење и исполнување на клучните индикатори на успешноста (KPI) на Одделот;
  • Обезбедува усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на производите;
  • Одговорен е за планирање и исполнување на буџетот на Одделот.
  • Одговорен е за координација и комуникација на Одделот со другите оддели и области во Друштвото, заради завршување на разновидни и комплексни работни задачи

Образование, искуство, вештини :

  • ВСС од Машинска струка;
  • Познавање на процесот на вбризгување на пластика (термопластични процеси)
  • Познавање на машини за вбризгување на пластика (Engel, Arburg… )
  • Најмалку 3 годишно работно искуство во водење и управување на производство;
  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Познавање на работа со технички цртежи;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point, Outlook); 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Подготвеност за подолг престој во странство, поврзан со обука.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Лидер на оддел за вбризгување на пластика (Department Leader - Injection molding)" преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 21 Јуни, 2020

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more