Vrabotuvanje.com - Бравари и Заварувачи - Скопје - Фабрика КАРПОШ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бравари и Заварувачи

Скопје

Application deadline:

  • Фабрика КАРПОШ АД Скопје

 

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
4 четири извршители Бравари и Заварувачи
за работа во градежна браварија

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема
  • Предност имаат кандидатите со работно искуство на иста или слична позиција,
  • Пожелно, познавање на работа со браварски алат: (Рачно сечење со брусалка, познавање од заварување со CO2 и REL апарат за заварување)

Личен профил:

  • Одговорна и организирана личност 
  • Лојалност и професионален пристап кон работата
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност


Ние нудиме:

  • Плата по договор
  • Платен превоз и храна


Лице за контакт: Горан 071/262-163

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more