Vrabotuvanje.com - Раководител на производство - Скопје - Фабрика КАРПОШ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на производство

Скопје

Application deadline:

  • Фабрика КАРПОШ АД Скопје

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
Раководител на производство
1 (ЕДЕН) ИЗВРШИТЕЛ

Кандидатите е потребно да ги исполнат следните услови:

  • Завршено високо образование (Машински Факултет)
  • Способност за англиски јазик
  • Способност за тимска работа
  • Лидерски способности
  • Работа на објекти во делот на нискоградба
  • Менаџерски способности
  • Познавање на работа со компјутер во сите потребни програми
  • Поседување возачка дозвола Б категорија


    Личен профил:

  • Организираност и одговорност
  • Комуникативност
  • Посветеност, лојалност, иницијативност
  • Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават електронски преку полето Брза Апликација.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more