ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија за вршење на поштенски услуги настаната како спој на љубовта помеѓу Велосипедизмот, здравиот начин на живот, спорт и рекреација и препознатливиот долгогодишен потенцијал на искусните доставувачи за курирски услуги на правни и физички лица.
Секојдневно обезбедуваме брза, ефикасна, еколошка достава по пристапни цени, која го унапредува секојдневното работење со минимални трошоци.
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компјутер.
Опис на работна позиција:
- Грижа за корисници и одговарање на нивните барања поврзани со услугите што ги нуди компанијата;
- Средување на адресници, внес и контрола на пратки во систем;
- Изготвување на фактури;
- Раздолжување на доставувачи со адресари.
Посакувани компетенции:
- Креативност и способност за тимска работа;
- Добри комуникациски и организациски способности;
- Прецизност, точност и посветеност на работата.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV) електронски преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате.
Ќе бидат контактирани само кандидатите во потесен круг на селекција.