Vrabotuvanje.com - Градежен техничар - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен техничар

Скопје

Application deadline:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје
 
 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот 
 

О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
1 (еден) градежен техничар за работа во Завод лабораторија/Оддел АБК/Група Бетон со следниве,
 
Неопходни компетенции:
  • Средно образование ССП (градежен техничар),
  • Со или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со работно искуство),
  • Познавање на англиски јазик,
  • Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD),
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

Потребни способности и вештини:

  • Организираност и одговорност,
  • Способност за тимска работа,
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност,             
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.

Клучни одговорности и задачи​:

  • Одговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија
  • Врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и изработува писмен извештај
  • Помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проекти и испитувања и подготвува техничка документација
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку полето Брза Апликација.
 
Телефон за контакт 02/3091-945
 
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more