Поради проширување на тимот имаме потреба од:
Администратор за ИТ и поддршка
КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Одржување на компјутерската и мрежната инфраструктура во компанијата, серверите и безбедносните системи на компанијата (локално и далечински на продажните места);
- Инсталација, одржување и редовна надградба на оперативните системи и друг софтвер кој го користи компанијата за своето работење;
- Редовен бекап на податоци и нивно безбедно складирање и заштита;
- Дефинирање на софтверски, хардверски и мрежни барања, нивно планирање, набавка и имплементација на нови системи кога е потребно;
- Развивање на договорени решенија и имплементација на нови системи кога е потребно;
- Разбирање на работните практики на компанијата, природата на бизнисот и континуирана рабоота преку предлози и сугестии за поефикасно извршување на работните процеси поврзани со ИТ;
- Претставување решенија преку писмени и/или усни извештаи;
- Врска со персоналот на сите нивоа на организација, анализирање на барањата за ИТ во рамките на компанијата и давање независни и објективни совети за употреба на ИТ;
- Помагање на колегите во активности за управување со промени и организирање на кратки обуки за колегите за користење на ИТ системите за работа;
- Одржување на контакт со добавувачи на опрема и софтвер со цел набавка или сервис на опрема и имплементација на промени кај софтвер.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Задолжително работно искуство од 3-5 години;
- Завршено високо образование или соодветно неформално образование од областа на ИТ Администрација и компјутерски мрежи;
- Познавање/искуство во работа со Windows Server, Linux и VMware;
- Познавање/искуство во работа со конфигурирање и одржување на компјутерски мрежи, системи за надзор, системи за евиденција на работно време, вклучително и далечински пристап преку VPN;
- Одлични логички, аналитички и вештини за решавање на проблеми;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Посветеност и одговорност кон задолженијата и работата;
- Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа;
- Желба за понатамошно учење и развој;
- Совесност, одговорност, самомотивираност и иницијативност за самостојно истражување;
- Желба и способност за работа во тим.
Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV преку полето
"Брза Апликација".
Рок на апликација 10 дена од датата на објавата.