Vrabotuvanje.com - Планер на продажба во Сектор за Логистика - Охрид - KOSTAL Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Планер на продажба во Сектор за Логистика

Охрид

Application deadline:

  • KOSTAL Group

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Планер на продажба во Сектор за Логистика

 
Работни задачи и одговорности 
  • Координација на дневниот и неделниот план за продажба, како и долгорочното планирање и следење на побарувањата од клиените
  • Планерот дирекнo соработува со одделот за планирање на производство, магацин и одделот за транспорт и царина
  • Го подготвува и реализира  дневниот/неделниот  план за продажба, според побарувањата на клиентите
  • Го следи реализирањето на планот за продажба, одржуваќи ги на оптималното ниво  залихите за готови производи во согласност со капацитетот на производната линија и планирање на продажбата
  • Го подготвува транспортниот план за извоз и врши контрола на неговата реализација
  • Го прегледува планот за производство, бара негово прилагодување во зависност од планот за продажба и врши контрола на реализацијата
 
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail)
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Планер на продажба ", преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 

Краен рок за пријавување: 10.07.2020

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more