Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 13.07.2020 година распишува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Задолжително искуство во продажба и раководење со тим;
Изразени менаџерски способности;
Изразени комуникациски способности;
Искуство во комуникација со клиенти;
Познавање на работа во Microsoft Office;
Способност за тимска работа и организација на тимски активности;
Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи;
Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.
УСЛОВИ:
Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа во Скопје;
Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба;
Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план.
РАБОТНИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА ВКЛУЧУВААТ:
Редовно подготвување на планови за работа на тимот;
Организирање, координирање, мониторинг на членовите во тимот;
Редовно следење и известување за работни резултати;
Дневни и неделни средби на тимот каде припаѓа;
Евиденција на реализирани продажби лични и на тимот;
Активна комуникација со потенцијални клиенти;
Организирање и водење на продажни разговори;
Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Ве охрабруваме да ни испратите Ваша Работна Биографија (CV), најдоцна до 22.07.2020 година преку полето Брза Апликација, со назнака: Пријава за вработување – Менаџер за продажба на Животно Осигурување во интерна продажна мрежа.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!