Друштво за меѓународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО - Скопје
Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 40 вработени и канцеларии во 14 градови низ Македонија, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на поштенски, курирски и логистички услуги. Станете и вие дел од приказната на Фалкон Логистик!
Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евроа, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот, конзумер електроникс, ИТ секторот и, секако, стоките за широка потрошувачка.
ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
има потреба од следната работна позиција:
АДМИНИСТРАТОР
Реон: Тетово
Опис на работна позиција:
- Води потсетник за закажување состаноци со клиенти;
- Води евиденција за користење на средствата за репрезентација;
- Прима клиенти и ги насочува и ги упатува со модалитетите на работа;
- Врши услужни работи сврзани со подигање, испраќање и доставување на севкупната пошта и други материјали за потребите на клиентите;
- Се грижи за рационално користење на потрошениот материјал;
- Врши експедиција на готови нарачки и ги предава до назначените клиенти;
- Ја одржува хигиената во работните простории, објектот и неговата околина;
- Врши и други работи што ќе му ги довери раководителот на операции или супервизорот, а се во надлежност на администраторското работење.
Потребни квалификации:
- Oбразование - Средна стручна спрема (4 степен);
- Задолжително претходно работно искуство од 1 година;
- Познавање на англиски или друг светски јазик;
- Познавање на MS Office апликации и користење на Интернет;
- Пожелна возраст на кандидатот над 23 години;
- Возачка дозвола Б-категорија.
Ние нудиме:
- Наградување со дополнителен месечен бонус;
- Oдлични услови и обука од страна на компанијата.
Доколку сте заинтересирани и соодведствувате со опишаниот профил, Ве покануваме Вашата професионална биографија да ја испратите преку полето Брза Апликација.