Канела приказната ја започнавме во 1991 година со силна желба да подготвуваме торти и колачи, по домашни рецепти, со најдобри состојки - онакви какви што правеле нашите мајки и баби. Вртејќи по бабините готвачи успешно ги претвораме нашите долго чувани семејни тајни во вкусни торти и колачи во кои и вие уживате денес. Употребата на здрави, вкусни и квалитетни состојки секогаш е наша определба. Така создаваме голем број на производи, погодни за секоја ваша пригода, расположение и годишно време...
Во моментов, имаме потреба од вработување на
Декоратерка
Потребни квалификации:
Минимум средно образование
Предност имаат лицата со работно искуство на иста или слична позиција или завршено образование од областа на уметноста
Одговорности и задачи:
Декорација на торти и колачи
Грижа за изгледот на готовиот производ
Личен профил:
Креативност и умешност
Префинет вкус, со развиени чувства за естетика
Вредни, енергични и педантни личности
Одговорност, лојалност, позитивен став
Способност за тимска работа и работа под притисок
Интерес за најновите светски трендови во слаткарството
Желба за постојано учење и надоградување
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!