Vrabotuvanje.com - Проектант/Раководител на градилиште за јакострујни инсталации - Скопје - ТЕЛЕЛИНК МК ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Проектант/Раководител на градилиште за јакострујни инсталации

Скопје

Application deadline:

  • ТЕЛЕЛИНК МК ДОО

 

www.telelink.com

ТЕЛЕЛИНК МК е дел од глобалната мрежа на Телелинк групацијата , која се протега низ 7 земји и 17 години искуство.

ТЕЛЕЛИНК МК ја спроведува својата дејност во сферата на изградбата и организација на изведувањето, интегрирањето и управувањето на комуникациски и телекомуникациски мрежи, системски интеграции, интелигентни објекти и управувани услуги (managed services).
Професионалниот пристап на ТЕЛЕЛИНК МК е континуирано да се развива и да придонесе во напредокот на телекомуникациската и комуникациската област и индустрија во Македонија и во регионот, да ја поттикне компетентноста и конкурентноста во оваа дејност и да го задржува и надградува местото кое го има во редот на компаниите кои се лидери во оваа област. 

ТЕЛЕЛИНК МК ги покрива сите сфери на планирање, дизајн, изведување, управување, обезбедување потребните решенија и дозволи од надлежните органи и извршување на целокупниот процес на легализација на инфраструктурата во областа на комуникациите и/или телекомуникациите, интелигентните објекти, системските интеграции и управувани услуги како и поддршка на истите. При вршењето на својата дејност ТЕЛЕЛИНК МК доо Скопје користи високо-технолошки методи, кои ги спроведуваат стручни, обучени и искусни кадри, со кое на клиентите им се гарантира висок квалитет, непречена функционалност и долготрајност на извршените услуги и инсталираните системи и професионална поддршка и одржување, согласно барањата и потребите на клиентот.

 

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позициите на проектот Скопје ЕАСТ ГАТЕ (стар саем):

ПРОЕКТАНТ/РАКОВОДИТЕЛ НА ГРАДИЛИШТЕ ЗА ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

 

Работни задачи:

  • Проектирање на јакострујни инсталации за деловни и индустриски објекти;
  • Водење на тимови за инсталација на јакострујни инсталации во деловни и индустриски објекти.

Потребни квалификации:

  • Со и без работно искуство;
  • Минимум средно образование;
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови;
  • Комуникациски вештини;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Познавање на софтверски програми за цртање (Autocad);
  • За предност ќе се смета познавање на слабострујни системи.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат погоре наведените критериуми, се поканети да аплицираат со својата професионална биографија - CV преку полето "Брза Апликација".

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more