ТЕЛЕЛИНК МК е дел од глобалната мрежа на Телелинк групацијата , која се протега низ 7 земји и 17 години искуство.
ТЕЛЕЛИНК МК ја спроведува својата дејност во сферата на изградбата и организација на изведувањето, интегрирањето и управувањето на комуникациски и телекомуникациски мрежи, системски интеграции, интелигентни објекти и управувани услуги (managed services).
Професионалниот пристап на ТЕЛЕЛИНК МК е континуирано да се развива и да придонесе во напредокот на телекомуникациската и комуникациската област и индустрија во Македонија и во регионот, да ја поттикне компетентноста и конкурентноста во оваа дејност и да го задржува и надградува местото кое го има во редот на компаниите кои се лидери во оваа област.
ТЕЛЕЛИНК МК ги покрива сите сфери на планирање, дизајн, изведување, управување, обезбедување потребните решенија и дозволи од надлежните органи и извршување на целокупниот процес на легализација на инфраструктурата во областа на комуникациите и/или телекомуникациите, интелигентните објекти, системските интеграции и управувани услуги како и поддршка на истите. При вршењето на својата дејност ТЕЛЕЛИНК МК доо Скопје користи високо-технолошки методи, кои ги спроведуваат стручни, обучени и искусни кадри, со кое на клиентите им се гарантира висок квалитет, непречена функционалност и долготрајност на извршените услуги и инсталираните системи и професионална поддршка и одржување, согласно барањата и потребите на клиентот.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позициите на проектот Скопје ЕАСТ ГАТЕ (стар саем):
ИНСТАЛАТЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
Работни задачи:
- Инсталација на слабострујни инсталациии во деловни и индустриски објекти;
- Изведба, монтажа и пуштање во работа на слабострујни системи – систем за дојава на пожар, систем за видео надзор , систем за контрола на пристап, систем за против провала и друго.
Потребни квалификации:
- Со работно искуство;
- Минимум средно образование;
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај;
- Познавање на англиски јазик;
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови;
- Комуникациски вештини;
- Способност за самостојна и тимска работа;
- За предност ќе се смета познавање на јакострујни системи.