Потребни квалификации:
- ВСС- Дипломиран градежен инженер
- Работно искуство во струката од 5 години
- Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
- Познавање на англиски јазик
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 30.000,00 до 60.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работното место е отворено за теренска работа
- Работен однос на определено време од 12 месеци со можност за продолжување
- За работа на проект АЕК Кула Водно
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. и 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.