Vrabotuvanje.com - Дипломиран градежен инженер - Скопје - Градежен Институт Македонија АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Дипломиран градежен инженер

Скопје

Application deadline:

  • Градежен Институт Македонија АД-Скопје
 
 
 
 
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
 
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот
 
О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
 
1 (еден) ДИПЛОМИРАН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
за проектирање во областа патишта со следниве,
 

Неопходни компетенции:

  • Високо образование ВСП (Градежен факултет – насока патишта и железници со 240 или 300 ЕКТС, предност ќе имаат кандидатите со 300 ЕКТС)
  • Со работно искуство или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со работно искуство)
  • Со поседување на А или Б овластувања за проектирање од КОАИ на Република Северна Македонија или без овластувања (предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат овластувања)
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet, Auto CAD, Аuto CAD Civil 3D и Plateia.
  • Поседување возачка дозвола Б категорија
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.

Конкурентска предност за работната позиција:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности и способност за работа со различни тимови
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Решавање на проблеми

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Учество во меѓународни проекти
  • Градење на успешна кариера
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции
     
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот. 
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок). 
 
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или електронски преку полето Брза Апликација.
 
Телефон за контакт 02/3091-945.
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
 
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
 
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција. 
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци.
 
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more