Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција:
Инженер за техничка поддршка на ИТ системи
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Висока стручна подготовка - диплома од Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
- Возачка дозвола (Б категорија)
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик - пишуван и говорен
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност
- Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
- Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Smart Solutions
бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1
1000 Скопје
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk