Vrabotuvanje.com - Специјалист за маркетинг - Прилеп - МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за маркетинг

Прилеп

Application deadline:

  • МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп АД

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 260 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.

Микросам има потреба од кандидати со секакво искуство од маркетинг. Компензацијата ќе зависи од искуството и релевантните познавања. Придружете и се на најиновативната Македонска компанија:

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ – 2 работни места


Основни одговорности и задачи:
  • Планирање и извршување на маркетинг кампањи (веб, ПР, социјални медии, реклами, настани, саеми, директни патувања, и сл.)
  • Организирање и присуство на годишни саеми, настани и конференции
  • Одговорност за маркетинг содржини: веб, социјални медии, постери, каталози, брошури и сл.
  • Комуникација со сите глобални претставници и партнери
  • Истражување на пазар и следење на конкуренција
  • Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати
  • Сугестии за подобрувања, и други маркетинг активности по потреба
Квалификации и компетенции:
  • ВСС од било која дисциплина
  • Искуство со маркетинг 1-3 години
  • Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
  • Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
  • Одлично познавање на Англиски јазик, особено пишување
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа и искуство со софтверски алатки
Пожелни или преференцијални квалификации:
  • Искуство со маркетинг кампањи и мерење резултати, 3+ години
  • Интегрирање на маркетинг со продажба
  • Аналитички и истражувачки способности
  • Организација на настани
  • Пишување на содржина за производи и решенија
Што нудиме?
  • Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Конкурентна компензација
  • Континуирана обука и професионално усовршување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна
     
Доколку сте заинтересирани аплициирајте преку полето Брза Апликација.

Огласот трае до 25.10.2020

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more