Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 260 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Микросам има отворена позиција за почетници и искусни кандидати за меѓународна продажба. Секој нов кандидат ќе помине низ тренинг. Компензацијата ќе зависи од искуството и релевантните познавања. Придружете и се на најиновативната Македонска компанија:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРОДАЖБА – 2 работни места
Главни задачи:
- Работа со меѓународни клиенти, квалификација и утврдување на технички потреби
- Работа со ЦРМ (систем за релации со клиенти) и планирање на следни чекори
- Консултација со инженерски тим и изработка на понуди
- Контактирање и посети на клиенти во светот и во Микросам
- Комплетна поддршка на Продажниот Тим
- Проследување на активности за продажба, испорака на машина, и сервис
- Присуство на годишни саеми, настани и конференции поврзани
- Комуникација со сите глобални претставници и партнери
- Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
- Сугестии за подобрувања, и други продажни активности
- ВСС од било која дисциплина, вклучувајќи инженерски и социјални науки
- Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
- Техничка ориентација
- Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
- Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
- Одлично познавање на Англиски јазик, особено пишување
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа и искуство со софтверски алатки
- Искуство со меѓународни клиенти или деловни клиенти
- Аналитички, истражувачки и презентациски способности
- Посветеност на детали, продажни или преговарачки техники
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Конкурентна компензација
- Континуирана обука и професионално усовршување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Огласот трае до 25.10.2020
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.