Vrabotuvanje.com - Специјалист за регрутирање - Прилеп - МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за регрутирање

Прилеп

Application deadline:

  • МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп АД


За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 250 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

 

Специјалист за регрутирање - 1 работна позиција


Основни одговорности и задачи:
  • Креирање и објавување огласи за вработување на разни портали
  • Организација и имплеметација на процесот за регрутирање 
  • Соработка со менаџери за поставување критериуми за квалификација на кандидати
  • Прегледување на апликации и резимина од кандидати за вработување и подготовка на првично селектирање до претпоставените
  • Спроведување на првични интервјуа преку телефон со цел креирање на кратки листи на квалификувани кандидати
  • Одржување на контакт со потенцијални кандидати во текот на целиот процес на вработување
  • Ориентација на нововработени
  • Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси
  • Поддршка во односите со вработените
  • Вмержување со потенцијални кандидати преку професионални групи на социјални медиуми и за време на настани
  • Организирање присуство на Микросам на саеми/настани за вработување
  • Активен контакт со универзитети со цел презентирање на Микросам пред нивните студенти
  • Активно истражување и барање на алтернативни медиуми/настани за регрутирање
  • Одржувајње база на податоци за потенцијални кандидати за идни работни места 
 
Квалификации и компетенции:
  • Универзитетска диплома во администрација, човечки ресурси, психологија или еквивалентна област
  • 2-3 години работно искуство во административна средина и познавање на работа во областа на човечките ресурси
  • Познавање на Англиски јазик, како и МS Office пакет
  • Способност за планирање, приоретизирање и навремено извршување на задачите
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
  • Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми
  • Искуство во регрутирање и интервјуирање ќе се смета за предност.
 
Што нудиме:
  • Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство 
  • Конкурентна компензација
  • Организиран превоз и храна
 
Доколку сте заинтересирани аплициирајте преку полето Брза Апликација
 
Огласот трае до 15.11.2020
 
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more