Vrabotuvanje.com - Извршител за кранови - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Извршител за кранови

Скопје

Application deadline:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Извршител за кранови

Потребни квалификации:
  • ВСС- Дипломиран Машински инженер 
  • Работно искуство од 3-5 години во организирање на монтажа и демонтажа на кранови и лифтови 
  • Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
  • Познавање на англиски јазик
     
Клучни одговорности и задачи
  • Непосредно го организира, координира и раководи со извршувањето на работите на монтирање, демонтирање, транспорт и одржување во исправна состојба на крановите и лифтовите и нивно тековно користење и работа.
  • Ја контролира работата и е одговорен за квалитетно, стручно монтирање, демонтирање и одржување и работа на крановите и лифтовите, од страна на извршителите, на начин и постапка утврдена со законските и другите прописи, упатствата и нормативи за нивна монтажа, демонтажа, користење и одржување.
  • Изготвува План за одржување, контрола на исправноста, и доставување на крановите и лифтовите, на организационите единици согласно нивните потреби.
  • Поднесува барања за набавката на резервните делови потребни за одржување на крановите и лифтовите.
  • Дава предлози и учествува во изборот и за купување на нови кранови и лифтови како и резервни делови за истите.
  • Води грижа и е одговорен за вградување на квалитетни атестирани и исправни резерви делови делови и опрема на крановите и лифтовите.
  • Изготвува планови за вршење на годишни и тригодишни прегледи, ремонти и поправки на крановите и лифтови за издавање на сертификати од стручни установи согласно законот
 
Компанијата нуди:
  • Почетна плата за огласеното работно место изнесува од 25.000,00 
  • Работното место е отворено за Скопје и теренска работа
  • Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување 
     
Личен профил:
  • Способност во организирање  на ресурси и поставување на приоритети
  • Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија 
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more