Vrabotuvanje.com - Машинист на автодигалка - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машинист на автодигалка

Скопје

Application deadline:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Машинист на автодигалка - 2 извршители

Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема.
  • Пожелно да има Минимум 3 години искуство во ракување со автодигалка. 
  • Пожелно е да поседува Уверение за ракување со автодигалка.
  • Возачка дозвола Ц категорија.
     
Клучни одговорности и задачи
  • Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и за редовна промена и контрола на уље, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена.
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на автодигалката со која е задолжен.
  • Врши евиденција и потпишување на дневниот учинок на машината, применото гориво и го доставува до извршителот за експлоатација на на градежна механизација.
  • Редовно ја проверува автодигалката пред нејзиното стратување и е должен да ги пријави настанатите штети и недостатоци.
  • Води уредна сервисна книшка за машината, истата да ја ажурира навремено со сите податоци за извршените поправки сервиси и слично и книшката редовно да биде во машината.
     
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
  • Работа во Скопје и на терен
  • Основна Нето плата без прекувремени часови,додатоци и награди во висина од 24.300,00 денари.
     
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
 
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more