Vrabotuvanje.com - СОС семејна помошничка - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

СОС семејна помошничка

Скопје

Application deadline:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

Приватната установа СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност. 

СОС Детско село Скопје има потреба од мотивиран и искусен кадар кој ќе ги поддржи згрижувачките семејства во обезбедување грижа и топол дом за деца без родители и родителска грижа.

Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 4 (четири) слободни работни места на определено време од една година.

СОС семејна помошничка
 

Опис на работата:
СОС семејната помошничка  е најголемата помош на СОС родителот која се грижи за децата во семејството. Тие заедно го планираат дневниот ритам на секојдневниот живот, а нејзиниот допринос во поддршката за грижата за децата и водење на домаќинството е неизмерен.
 
  • СОС семејната помошничка дава подршка на СОС родителите кон нивните секојдневни задолженија и активности поврзани со децата и семејниот дом. Работи во различни СОС семејства.
  • Дава поддршка на СОС родителот во директна грижа за развојот на децата (одржување на лична хигиена, правилна исхрана, посети на лекар) и при воспитно образовната работа со децата (помош при завршување на училишните обврски, посета на културно-забавни манифестации, учество во слободни активности на децата, гради и негува стабилен однос со децата во секое СОС семејство.
  • Дава поддршка на СОС родителот при реализирање на секојдневните активности во СОС згрижувачкото семејство (набавка на прехранбени производи и други производи потребни за домаќинството, подготвување на оброци и одржување на хигиената во домаќинството,) помага на СОС родителот да влијае на формирање на култура на живеење, естетско, морално и работно воспитување на децата.  Помага на децата во учење, систематски ги развива работните, хигиенските и културните навики кај децата, се грижи за здравјето на децата, се грижи за редовно земање на пропишаната терапија и пропишан режим на исхрана.
  • Ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

Работни услови:

  • Вработените во СОС Детски села имаат можност постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини преку обуки, индивидуална и групна супервизија и размена на искуства.
  • Работа на определено време 1 година.
  • Работа во смени, празници согласно изготвен распоред.
     
Потребни квалификации:
СОС семејната помошничка ги исполнува следните услови:
 
  • Има најмалку средно образование.
  • Не е осудуван/а.
  • Умее да одговори на развојни потреби на децата.
  • Флексибилност и способност брзо да се прилагодува на различни семејства и деца.
  • Отвореност и толерантност кон различни култури.
  • Возраст од 35 – 45 години (се зема за предност).
  • Искуство во работа со деца.
  • Има добри вештини на комуникација, позитивен став кон работите и околината која ja опкружува.

Како да се пријавите за СОС семејна помошничка?

Доколку имате желба да станете СОС семејна помошничка, Ве молиме да ја испратите Вашата кратка биографија - како би имале увид во Вашето досегашно искуство и мотивациско писмо - во кое ќе ја опишете Вашата мотивација за СОС семејна помошничка и испратете ја најдоцна до 24.11.2020 со назнака Оглас за СОС семејна помошничка преку Брзата Апликација или на:
 
 
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131, нас.Ченто
1040 Скопје

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Care (children, elderly...) amounts to 16.702 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more